Јемен: Петмина загинати и 13 повредени во борби на аеродромот во Аден

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени во борби денеска во близина на меѓународниот аеродром на економскиот центар на Јемен Аден, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „Скај њуз Арабија“.

Во судирите учествуваат специјални сили на јеменската армија и вооружени групи на нардони комитети формирани од племиња и заедници во градови во јужен Јемен. Работата на аеродромот во Аден е прекината, а сите летови се откажани за неопределено време.

Претходно беше соопштено дека од главниот град Сана кон Аден се испратени специјални сили за одржување на редот и безбедноста во градот, каде се наоѓа јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади.

Вооружени сили, верни на поранешниот претседател на Јемен Али Абдула Салех, упаднале во дел од аеродромот. Тие сепак наишле на сериозен отпор на силите за безбедност, лојални на Хади, кои одговориле на нападот со оклопни возила.

Според силите за безбедност од центарот на Аден кон аеродромот е испратена колона тенкови и оклопни возила. Борбите се интензивираат, а во околината се слушаат и експлозии.

Ако аеродромот во Аден падне под контрола на силите, лојални на поранешниот претседател, тоа дополнително ќе го изолира Хади, кој минатиот месец го прогласи градот за времено главен град на Јемен. Тој избега во Аден од домашен притвор, под кој беше држен во Сана од шиитски бунтовници.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида