Јемен има потреба од 1,6 милијарди долари за да се спречи хуманитарна катастрофа

Од:

ОН денеска соопштија дека се неопходни 1,6 милијарди долари, за да биде избегната хуманитарна катастрофа во Јемен, каде коалицијата предводена од Саудиска Арабија нанесува воздушни напади врз борците на движењето хути, во обид да се врати на власт владата во прогонство.

– Над 21 милиони лица или 80 отсто од населението имаат потреба според наши проценки од хуманитарна помош или заштита, вели портпаролот на ОН Јенс Лерке.

Стивен О’Брајан, заменик-генерален секретар на светската организација за хуманитарни прашања, истакна дека во Јемен има катастрофа и многу луѓе тешко успеваат да најдат храна.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен