Мисијата на Јемен во Обединетите нации побара копнена интервенција како одговор на офанзивата на бунтовниците Хути во јужниот дел на земјата, каде ситуацијата е се полоша по повеќенеделните судири.
Јеменската мисија исто така апелираше до организациите за човекови права да ги документираат „варварските злосторства“, кои Хутите наводно ги извршиле во Аден во јужниот дел на Јемен и во другите градови.
– Апелираме до меѓународната заедица итно да испрати копнени сили за спас на Јемен, а особено на Аден и Таиз, порача мисијата во писмото доставено до Советот за безбедност на ОН.