Јавниот обвинител на САД: Ако домашните терористи се обидат да нападнат на инаугурацијата на Бајден, државата ќе одговори соодветно

Од:

Вршителот на должноста државен обвинител на САД Џефри Роузен ги предупреди потенцијалните „домашни терористи кои планираат нови напади, додека Џо Бајден се подготвува да ја преземе претседателската функција“ да не го прават тоа, затоа што одговорот на државата ќе биде соодветен, односно нема да се толерира насилство.

Во видеоснимка објавена денеска, Роузен ја повика јавноста да ги пренесе сите информации за потенцијални напади и други закани пред инаугурацијата на Бајден, појаснувајќи дека безбедносните сили се подготвуваат за можно насилство.

– Сакам да испратам јасна порака до секој што размислува за насилство, закани или други злосторства: нема да имаме толеранција за обидите за нарушување на мирното предавање на власта, вклучително и обиди за заземање владини згради. Нема да има изговори за насилство, вандализам или какво било какво незаконско дело, рече Роузен.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“