Јасин побара воено вмешување од заливските држави во Јемен

Од:

Шефот на јеменската дипломатија Ријад Јасин побара воено вмешување на заливските држави во Јемен со цел да биде сопрена офанзивата на милициите Хуси, кои се борат против претседателот Абд Рабу Мансур Хади.

– Тие се прошируваат, заземаат аеродроми и градови, го напаѓаат Аден со авиони, киднапираат кого сакаат, се закануваат и врбуваат луѓе. Од Советот за соработка на заливските земји, Обединетите нации и меѓународната заедница побаравме да се воведе забранета зона за прелети со цел да се спречи користењето на воени авиони на аеродромите кои се под контрола на Хусите, истакна Јасин.

Тој претходно изјави дека настаните во Јемен можат да прераснат во граѓанска војна.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен