Јасин побара меѓународната коалиција да испрати копнени трупи во Јемен

Од:

Јеменскиот министер за надворешни работи Ријад Јасин кој побегна во Ријад, побара денеска од меѓународната коалиција што извршува удари во Јемен, да испрати таму копнени сили.

– Повикувам да бидат испратени копнени сили бидејќи сметам дека во даден момент воздушните удари ќе станат неефикасни, изјави Јасин.

Меѓународната коалиција ја предводи Саудиска Арабија. Тие почнаа со воздушни удари врз објекти на шиитските бунтовници Хуси во Јемен пред една недела.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен