Јапонските сеизмолози денеска предупредија дека е можно да се случи голем земјотрес, по вчерашните два, во кои се повредени 12 луѓе.
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синќа е регистран во Тихи Океан, северно од јапонскиот остров Изу. Епицентарот беше на 627 километри јужно-југоисточно од Токио на површина од 13 километри под површината на Океанот.
Претходно, во Тихи Океан регистриран е земјотрес со интензитет од 8,5 степени според Рихтеровата скала, 800 километри од Токио. Епицентарот на земјотресот бепе во близина на островот Огасавара на длабочина од 590 километри.
Јапонија се наоѓа во исклучително сеизмолошко активно подрачје. Во силен земјотрес на 11 март 2011 март загинаа речиси 20.000 луѓе.