Јапонскиот премиер вети уставни измени доколку освои нов мандат на чело на партијата

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе вети дека ќе го реформира пацифистичкиот Устав на земјата доколку биде избран за нов мандат на чело на Либерално-демократската партија (ЈМТ), која ја предводи шест години.

Конзервативниот 63-годишен лидер е фаворит на изборите, закажани за 20 септември. Тој има само еден конкурент, 61-годишниот поранешен министер за одбрана Шигеру Ишиба.

Доколку го освои мандатот, Абе ќе остане на чело на третата светска економија уште три години, со што ќе стане премиерот кој најдолго останал на власт во современата јапонска историја, пренесува БТА.

– Време е да се зафатиме со реформа на Уставот, изјави Абе, дополнувајќи дека планира да претстави предлог-закон за измени и дополнувања пред Парламентот до крајот на годината.

Според член девет од Уставот, напишан во 1947 година од американските окупациски сили по капитулацијата на Токио на крајот на Втората светска војна, државата „засегогаш“ се откажува од војна и се обврзува „никогаш да не поддржи пешадиски, воено-поморски и воено-воздухопловни сили, ниту друг воен потенцијал“, што значи дека не биле доволени какви било вооружени сили.

По избивањето на војната во Кореја во 1950 година, САД биле исплашени дека „вирусот на комунизмот” ќе се прошири во Азија, па повторно дозволиле вооружување на Јапонија.

Поради опасноста од „црвените” Кина и Северна Кореја, пет години подоцна, Американците во Јапонија воспоставиле „одбранбени сили”, војска која до денес, подолго од 65 години, не истрелала ниеден куршум.

Абе сака да ја измени таа одредба за забрана на вооружени сили, сметана од националистичките кругови како понижувачко сеќавање на поразот во 1945 година.

Јапонија формираше воени сили наречени „Сили за самоодбрана”. Тие немаат дозволат да се вклучат во воена акција, освен при директен напад врз земјата. Абе објаснува дека сака да го промени уставот за да им даде на овие војници јасен статус, истовремено одржувајќи го основниот принцип на пацифизам што го имаат Јапонците.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови