Јапонскиот премиер Шинзо Абе во говорот посветен на 70-годишнината од првото масовно бомбардирање на Токио во Втората светска војна, денеска најави дека владата подготвила нов петгодишен план за елиминирање на последиците од цунамито во 2011 година и комплетна реконструкција на постројките на нуклеарната централа Фукушима.
Планот за комплетно отстранување на последиците на нуклеарната катастрофа, од која само Чернобил може да се смета за поголема, ќе биде готов до јуни.
Јапонскиот премиер истакна дека голем број градови се понудиле да им обезбедат куќи и работа на илјадници преживеани, кои се уште немаат ново засолниште.