Јапонскиот премиер нареди да се зајакне контролата врз спорните острови Сенкаку

Од:

Јапонскиот премиер Јошихико Нода им нареди денеска на соодветните служби да ја зајакнат контролата врз ненаселените острови Сенкаку, за кои Токио се спори со Пекинг.

Одлуката е донесена откако врз спорните острови демонстративно прелета кинески патролен авион.

Тоа е првиот ваков инцидент во целата историја на конфликтот меѓу Пекинг и Токио за тие територии.

Досега Кина се ограничуваше дамо да испраќа патролни бродови во зоните кои Јапонија ги смета за свои територијални води.

За пресретнување на кинескиот авион беа испратени авиони-ловци Ф-15 на јапонските военовоздухопловни сили, но не се соопштува за каков и да било инцидент.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа