Јапонскиот премиер најави помош од билион долари за спас на економијата

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави пакет економска помош од билион американски долари поради пандемијата на коронавирус, за што експертите велат дека тоа претставува тест за економијата на Јапонија.

Како што пренесуваат странските агенции, Абе воведе вонредна состојба во префектурите каде што живее речиси половина од населението и кои овозможуваат половина од бруто домашниот производ на Јапонија.

Тој исто така најави економски пакет за помош за кој тврди дека вреди речиси билион долари.

Економистите сметаат дека новите трошоци ќе бидат многу помали, бидејќи веќе постојат некои програми и укажуваат дека брзината на влегување на парите во економијата ќе помогне да се избегне економска катастрофа.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови