Јапонскиот премиер ја откажа посетата на Иран поради притисок од САД

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја откажа планираната посета на Иран за текот на ова лето, откако американскиот претседател Доналад Трамп зазеде исклучително тврдата линија кон Техеран, јавија јапонските медиум.

Престојот на Абе во Техеран, во рамки на неговата турнеја низ Блискиот Исток што ќе почне на 11 јули, требаше да биде прва посета на едена јапонски премиер на Иран по 40 години.

Според анонимни владини извори, Јапонија го информирала Иран дека Абе нема да може да го посети Техеран.

Одлуката била донесена по повикот на Трамп да се изолира Техеран, откако во мај САД се повлекоа од Договорот за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година.

Меѓутоа, портпаролот на јапонската Влада, Мотосада Матабе изјави дека се уште ништо не е решено во врска со плановите за патувањата на премиерот.

САД ја повика Јапонија и другите сојузници целосно да престанат да купуваат иранска нафта. Јапонија, која традиционално има стабилни врски со Иран, на кого со децении се потпира како главен извор на нафта, како одговор на повикот на Трамп соопшти дека не може да го прекине или да го запре увозот на нафта од Иран поради стравувања од ризици за економијата.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови