Јапонскиот император Акихито го поправи впечатокот што го остави премиерот Абе

Од:

Јапонскиот император Акихито во синоќешното обраќање до нацијата изрази „длабоко каење“ поради јапонската улога во Втората светска војна, нагласувајќи дека се моли воените разорувања никогаш да не се повторат. Аналитичарите укажуваат дека јапонскиот император ваква порака упатувал и порано, но никогаш не на 15 август, кога неговата држава го одбележува крајот на војната, со капитулацијата на Јапонија.

Изјавата на императорот Акихито, кој сега има 81 година, особено позитивно се искоментира во Пекинг и Сеул, кои што не беа задоволни од избегнувањето на актуелниот премиер Шинѕо Абе да се извини за колонијалистичката политика, агресијата и нехуманото постапување на јапонската империјалистичка армија со жените од Кореја и Кина, кои служеле како сексуално робје во логорите на јапонската армија.

Абе уште повеќе ја испрвоцира јавноста во Кина и двете Кореи, изјавувајќи дека е време оваа и идните генерации да чувствуваат грижа на совест и да се извинуваат за тоа што Јапонија го павела во Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови