Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира кон крајот на март 2019 година

Од:

Јапонскиот цар Акихито, најверојатно, ќе абдицира кон крајот на март 2019 година, а се очекува неговиот син Прин Нарухито да го наследи, објави денеска весникот Асахи, повикувајќи се на неименувани извори.

Тоа ќе биде прва абдикација на јапонски цар во последниве речиси два века.

Сепак, портпаролот на јапонската Влада ги отфрли наводите на весникот.

Акихито (83), кој имаше операција на срцето и се лечеше од рак на простата, минатата година изјави за јавноста дека поради годините веќе тежшо ги исполнува своите задачи.

Весникот „Асахи” пишува дека царот Акихито ќе го наследи Нарухито (57) и дека „новата ера ќе започне на 1 април 2019 година”.

Се наведува дека јапонскиот премиер Шинѕо Абе следниот месец ќе се состане со истакнати функционери и членови на империјалното семејство, пред официјално да го објави датумот на абдикација.

Во јуни, јапонскиот Парламент усвои закон со кој се овозможи абдикација.

Царот Акихито во 1933 година, а на престолот го наследи царот Хирохито, во неговото име, Јапонија учествувала во Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови