Јапонски владин функционер поднесе оставка поради обвиненија за сексуално вознемирување

Од:

Генералниот секретар на јапонското Министерство за финансии, Џуничи Фукуда денеска поднесе оставка на функцијата, откако магазинот „Шукан Шинџо“ објави дека сексуално везнемирувал неколку новинарки.

Разоткривањето на скандалот се смета за нов удар врз јапонскиот премиерот Шинѕо Абе, чија популарност е намалена по серијата скандали.

Јапонскиот министер за финансии Таро Ацо соопшти дека ја прифатил оставката на Фукуда, кој

Самиот Фукуда ги отфрли обвинувањата на магазинот, но нагласи дека поднесува оставка затоа што не сака да му создава непријатности на Министерството за финансии и да ја попречува неговата работа.

Тој најави и дека ќе го тужи, како што го нарече, „озлогласениот весник“.

Минатата недела „Шукан Шинџо“ објави дека Фукуда постојано непристојно и дофрлал на новинарките акредитирани во Министерството.

Во Јапонија нема многу случаи на познати личности кои проговорија за сексуално малтретирање во кампањата „Јас, исто така” (#MeToo), бидејќи жртвите најчесто не сакаат да отворено да зборуваат за тоа, плашејќи се од реакциите во јавноста.

Идентитетот на новинарките во случајот со Фукуда не е откриен. Во соопштение Министерството за финансии посочи дека ќе продолжи истрагата за обвинувањата против Фукуда од страна на надворешна правна фирма. Тоа ги повика новинарите да контактираат со фирмата ако сакаат да соработуваат во истрагата.

Поради ваквиот став Министерството беше критикувано од неколкумина членови на Владата, меѓу кои и од Сејко Нода, една од двете владини министрки.

Иако премиерот Абе во својата владина програма промовираше заложби за поголем работен ангажман на жените, како дел од мерките за стимулирање на економскиот раст, сепак во јапонските компании и политиката останува нееднаквоста меѓу половите.

Паралелно со Фукуда, исто така поради секс скандал, оставка денеска поднесе и гувернерот на јапонската префектура Нигата. Руочи Јонејама, кој на таа функција беше избран во октомври 2016 година. Јонејама поднесе оставка откако беше обвинет за секс со студентки за пари.

Според неделникот „Шукан Буншун“, 50-годишниот Јонејама, кој не е женет, користел сексуални услуги на млади жени. Проституцијата во Јапонија е нелегална.

– Решив да поднесам оставка за да не предизвикам повеќе проблеми и да преземам одговорност за моите постапки, нагласи Јонејама.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови