Јапонски научник прогнозира земјотрес до 7,5 степени и цунами во Истанбул

Од:

За неколку години во реонот на Мраморното Море се очекува земјотрес со интензитет од 7 до 7,5 степени, прогнозира јапонски експерт, пишува турскиот весник „Радикал“.

Фумио Канеко, експерт од службата за дејствија при катастрофи при Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија, во изминатите месеци ја истражувал сеизмичката активност активност во реонот на Мраморното Море во сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул.

Според Канеко, веројатноста на земјотрес во реонот на Мраморното Море (Северозападна Турција) е висока, но интензитетот нема да надмине 7 до 7,5 степени по Рихтер. Тој истакна дека одржливоста на зградите во Турција е два до три пати послаба од онаа на зградите во Јапонија, поради што земјотреси еднакви според интензитет во двете земји би имале различни последици.

Според Канеко, земјотрес на територијата на Мраморно Море ќе предизвика и цунами, што нема да ја погоди силно Бурса, но ќе има големи последици врз Истанбул.

Научникот учествува во проект за училишни вежби во Турција со цел зголемување на ефикасноста на дејствијата на учениците при земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски