Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Од:

Јошитака Сакаруда, е јапонскиот министер кој задоцни на состанокот во Собранието, по што мораше да се извини. Тоа е трет пат за три години, пренесува Би-би-си.

Јапонскиот министер задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извинил, бидејќи вчера задоцнил три минути на состанок во Собранието.

Опозицијата го опишала доцнењето како знак за непочитување на функцијата која ја врши и затоа го бојкотираа состанокот на буџетската комисија.

Минатата недела тој изјави дека се чувствува изневерено, бидејќи талентирана јапонска пливачка соопшти дека има леукемија.

– Таа е потенцијален освојувач на златен медал на Игрите, спортистка од која имаме големи очекувања. Навистина сум разочаран, рече Сакурада.

Оваа изјава предизвика бурни реакции, поради што тој неколку дена подоцна се извини под притисок на јавноста.

Пред три години, Сакурада ги нарече жените кои за време на Втората светска војна биле присилени да даваат сексуални услуги на јапонските војници, „професионални проститутки“.

Сакурада ја извршува и функцијата министер за кибер безбедност, а минатата година изјави дека никогаш не користел калкулатор и дека секогаш таа работа им ја префрлал на соработниците.

Јапонската опозиција во повеќе наврати побара од него да поднесе оставка.

Во анкета што ја спроведе дневниот весник „Асахи Шинбун“, 65 отсто од испитаниците изјавиле дека овој министер не работи добро, додека 13 отсто се задоволни од неговата досегашна работа.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови