Јапонски експерти предупредуваат на можноста од нови силни земјотреси

Од:

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека силниот земјотрес, чиј епицентар беше крај брегот на префектурата Фукушима, е последица на земјотресот со магнитуда од 9 степени според Рихтеровата скала, што во истиот регион предизвика моќно цунами во март 2011 година, пренесоа американскикте медиуми.

Агенцијата, која е одговорна и за следење на сеизмичката активност, предупреди дека во следните неколку дена на истото место може да се случи и друг силен земјотрес. Таа на локалните жители им препорача да бидат внимателни во текот на следната недела.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, што се случи претходно денеска, предизвика умерено цунами, што не предизвика значителни штети.

Ова е најсилниот земјотрес во североисточна Јапонија по потресот од 11 март 2011 година и од неговите вторични потреси, што беа регистрирани истиот ден.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада