Јапонската Влада денеска го одобри најголемиот воен буџет во историјата на земјата, што во себе вклучува планови за купување авиони за електронско разузнавање, беспилотни авиони и ловци Ф-35, а има за цел Јапонија да може поуспешно да се спротивстави на растечкото кинеско настапување во регионот,
пренесоа американските медиуми.
Премиерот Шиндзо Абе бара речиси пет билиони јени (42 милијарди долари) за буџетот за одбрана за годинава, што официјално почнува од април, како дел од рекордниот вкупен буџет во износ од 96,3 билиони јени (814 милијарди долари).
Буџетот треба да биде одобрен од Парламентот, што најверојатно и ќе се случи бидејќи владеачката коалиција на Абе има мнозинство и во двата дома.
Изборот на новите оружја со кои јапонските „сили за самоодбрана“ (како што се нарекуваат) сакаат да се снабдат, ја покажа намерата драстично да се зголемат можностите на земјата да ги заштитат ненаселените острови во Источно Кинексо Море, кои таа во моментов ги контролира, но на кои претензии покажува и Кина.