Јапонската Влада и Фукушима треба да платат оштета

Од:

Окружниот суд на Фукушима денеска и нареди на јапонската Влада и на нуклеарната електрана Фукушима да платат 500 милиони јени (4,5 милиони долари) на илјадници поранешни жители на подрачјето во близина на атомската централа, кои бараа оштета поради загрозување на животите и имотите во несреќата што се случи 2011 година.

Судот посочи дека Владата не и наредила на Токиската електро компанија да ги подобри безбедносните мерки иако уште од 2002 година беше запознаена дека постои ризик од појава на цунами во регионот.

Пресудата е изречена за најголемата тужба поднесена од група од 3.800 граѓани, иако уште 30 слични тужби поднесоа околу 12.000 граѓани ширум Јапонија.

Согласно пресудата, секој граѓанин, чиј живот или имот биле загрозени во несреќата ќе добие по 360.000 јени (3.200 долари).

Тоа е втора пресуда, со која се прогласува за одговорна јапонската Влада за несреќата што се случи во Фукушима. Претходната одлука според која јапонската Влада е одговорна беше донесена од окружниот суд во Маебаши.

Брегот на градот Сендаи, североисточна Јапонија беше погоден од земјотрес од девет степени според Рихтеровата скала и предузвика цунами. Во земјотресот загинаа околу 20.000 луѓе. Како последица на земјотресот уследи експлозија на три нуклеарни реактори на електраната „Фукушима Даичи“, што предизвика нуклеарна катастрофа, најголема во историјата. Се проценува дека тоа е поголема катастрофа од таа во Чернобил, чии последици ќе се чувствуваат со години поради огромното количество зрачење.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови