Јапонската група организира протести против „заговорот“ на Свети Валентин

Од:

Јапонската група Какухидо објави дека ќе организира масовни протести во Токио, против „заговорот„ на Свети Валентин и Денот на вљубените.

Активистите на групата, тврдат дека демонстрациите не ги организираат врз верска основа.Тие се гневни што Денот на вљубените се претворил, како што велат, во „циничен трик за правење пари од угнетувачките капиталисти на чоколади“.

Името Какухида, во слободен превод од јапонски јазик значи Револуционерна акција на мажи кои жените ги сметаат за неатрактивни.

На страницата на интернет, луѓето од група издале соопштение во кое ги повикуваат на „солидарност сите другари кои никој не ги љуби“, за да излезат на протест на Денот на вљубените.

Тие остро го осудуваат јапонскиот индустриски комплекс кој секоја година го форсира празникот,произведувајќи и продавајќи еден огромен,романтичен индустриски асортиман.

Групата ги објави слоганите за протестот во саботата,објаснувајќи дека главаната парола ќе биде-„флерувањето е тероризам„ како и дека треба да се „поведе војна против тероризмот“.

Токиската полиција, која веќе им го одобри протестот, ги повика организаторите да демонстрираат мирно и да не предизвикуваат никакви повреди на јавниот ред и мир.

Групата Какухидо е создадена во 2006 година од Кацухиро Фурусава. Овој 33-годишен Јапонец почнал да го чита „Комунистичкиот манифест“ веднаш штом бил оставен од својата дотогашна девојка, за време на прославувањето на Божик.

Фурусуава вели дека ситуацијата еден маж да не биде сакан (од девојка,или жена) е класно прашање, па затоа треба да се разреши низ „класна борба“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови