Првата Јапонка која е министер за економија, е обвинета од локален весник дека користела пари од политичко финансирање за лични потреби, најмногу за козметика, јавија западни медиуми.
Според весникот Мајничи шимбун, Јуко Обучи која е на функција од почетокот на септември потрошила во периодот 2007-2012 година над 10 милиони јени (околу 74.000 евра) за неполитички цели.
Пари потрошиле и од ГРУПАТА задолжена за собирање средства за неа, и тоа 3,62 милиони јени во продавница чиј сопственик е сопруг на нејзината сестра, објавува весникот кој имал увид во фактурите.
Според други медиуми, приврзаници на Обучи добиле билети за театар за сума од 26 милиони јени исто платени со пари собрани за политички цели. Обучи (40) беше принудена да даде објаснувања пред парламентарна комисија и рече дека не учествувала лично во тие расходи.