Настариот човек во светот, Јапонката Мисао Окава, почина денеска, само неколку недели откако таа наполни 117 години.
Како што изјави официјално лице од Домот за стари лица во Осака, Томохиро Окада, Мисао Окава имала проблеми со срцето, а во моментот кога починала покрај неа биле нејзиниот внук и вработените во домот.
– Замина така мирно, како само да потона во сон. Многу ќе ни недостасува, рече Окада.
Мисао Окава, е родна во Осака 5 март 1898 година, во Гинисовата книга на рекорди призната е во 2013 година за најстаро лица во светот.
Окава, ќерка на кројач на кимона, на прославата на последниот роденден рече дека чуствува дека нејзиниот живот бил многу краток.