Јапонија: Запленет кинески брод и уапсен екипажот

Од:

Јапонската крајбрежна стража го уапси капетанот и членовите на екипажот на еден кинески рибарски брод, кој влегол во територијалните води на Јапонија, објави кинеската новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на конзулатот во градот Фукуока.

Агенцијата наведува дека капетанот на бродот, кој е регистриран во кинеската провинција Фуѓијан, и двајца членови на екипажот биле префрлени во градот Кагошима на југот на Јапонија на сослушување.

Според извештаите, капетанот признал дека бродот влегол јапонските води. Портпаролот на јапонската амбасада во Пекинг не беше достапен за коментар.

Кинеските рибарски бродови одат далеку во водата, источно од Кина за да го надокнадат недостатокот на рибниот фонд во близина на нивниот брег.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа