Јапонија: За земјотресот помислиле дека е напад од Северна Кореја

Од:

Едно официјално лица од Јапонија предизвика вистински драма откако помисли дека земјотресот кој ја погоди Јапонија е всушност напад од Пјонгјанг.

Официјалното лице од воздухопловното биро во Осака, при Министерството за сообраќај по грешка на 87 адреси на аеродроми им прати мејл кој претходно бил подготвен во случај Пјонгјанг да ја лансира ракетата, бидеќи во последно време се повеќе се заканува дека ќе го направи тоа.

-Погрешната порака по шест минути е повлечена, а најмалку по еден домашен лет е одложен поради оваа грешка-соопшти министерството.

Претходно на социјалната мрежа „Твитер“ беше пласирано погрешно известување дека Северна Кореја ја лансирала ракетата.

Според наводите на јапонската метеролошка агенција, по потресот со 6,3 степени според Рихтерова скала, нема опасност од цунами.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови