Јапонија упати официјален протест до Кина за упадот на кинески бродови во реонот на спорните острови Сенкаку

Од:

Министерството за надворешни работи на Јапонија упати официјален протест поради најновото навлегување на кинеските бродови во акваторијата на спорните острови Сенкаку во Источно Кинеско Море, пренесе ТАСС.

Во текот на август Токио до Пекинг веќе упати неколку официјални протести поради масовното навлегување на кинеските бродови во водите околу островите. На 6 август во реонот беше забележана досега рекордно голема група од 230 кинески рибарски бродчиња и шест полициски брзи глисери, како заштита.

Како одговор на протестите кинеските власти ја повикаа Јапонија да се воздржи од активности што можат да ја усложнат ситуацијата.

Односите меѓу двете земји се влошија откако во септември 2012 година Токио објави дека од приватни сопственици ги купи островите, кои Пекинг ги смета за свои окупирани територии.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови