Јапонија тврди дека кинески бродови впловиле во спорните води

Од:

Четири кинески владини бродови впловија во спорните води во Источноазиското Море, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Портпаролот на јапонската крајбрежна стража изјави дека е издадено предупредување до бродовите да ги напуштат водите околу островите Сенкаку, во Кина познати како Дјаоју.

Во четвртокот кинески бродови повеќе од еден ден беа во јапонските територијални води, што е најдолг упад од минатата година кога повторно изби спорот.

Спорот настана откако Јапонија во септември минатата година ги национализира островите, по што уследи кинескиот бојкот на јапонските брендови.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција