Епидемијата на коронавирус во Јапонија не се смирува и трет ден по ред оваа земја бележи рекордни бројки на новозаразени лица.
Во изминатите 24 часа, Ковид-19 беше потврден кај 2.418 лица, а вкупниот број смртни случаи надмина 2.000.
И покрај тоа, премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга сака економијата да продолжи да работи со избалансиран ризик.
Популарните излетнички места и туристички дестинации ќе бидат дополнително загрозени за време на овој продолжен, празничен викенд во земјата.