Американската геолошка опсерваторија соопшти дека на 1.200 километри јужно од Токио, е регистриран земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Потресот се случил на 167 километри, од островот Иво Џима во Тихиот океан, на длабочина од 43,2 километри и нема опасност од цунами, пренесе „Ројтерс“.
Јапонските вулкански острови Иво Џима се наоѓаат на 1.200 километри јужно од Токио. Од крајот на Втората светска војна беа под окупација на САД, а на Јапонија и се вратени во 1968 година.
Е. Г.