Јапонските власти го прекинаа воздушниот сообраќај и повикаа над 100.000 лица да ги напуштат своите домови поради приближувањето на силен тајфун, што се заканува со поројни дождови и силни ветрови во јужниот дел на земјата.
Тајфунот Неогури изгуби од првичниот интензитет, но сепак останува проследен со ветрови со брзина до 250 километри на час.
Тој се приближува кон префектурата Окинава, каде се на сила предупредување за силни врнежи и високи бранови. Над 100.000 лица во регионот се евакуирани, додека околу 7.000 домаќинства се без електрична енергија.
Метеоролозите очекуваат тајфунот да ја погоди Окинава во текот на денот. Неогури е една од најсилните бури во изминатите децении во Јапонија.