Тајфунот Випха, кој се приближува кон Јапонија, ќе биде најмоќниот што стигнал до главните острови на архипелагот во изминатите 10 години, предупреди денеска Националната метеоролошка служба.
Се очекува тајфунот да го зафати североисточното крајбрежје на земјата уште утре. Во моментов, Вилха, 26-тиот тајфун годинава во Тихиот Океан, се наоѓа на 260 километри од јужниот дел на Јапонија и се движи кон архипелагот со брзина од 25 километри на час.
Брзината на придружните ветрови достигнува 216 километри на час. Випха ќе мине над регионот на нуклеарната централа „Фукушима“ и тоа предизвикува загриженост од нови инциденти во хаварисаната јапонска нуклеарка.