Јапонија: Регистрирано истекување нафта во нуклеарна централа по земјотресот

Од:

Јапонската нуклеарна централа денеска објави дека имало истекување нафта откако земјата на 1 јануари ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,6 степени во регионот Хокурику, при што загинаа повеќе од 120 луѓе.

Електраната Сика се наоѓа на 65 километри од епицентарот на земјотресот и веќе има пријавено повремени прекини на електрична енергија, истекување на нафта во трансформаторите и излевање на вода од базенот за складирање гориво на искористениот нуклеарен реактор, објави Скај њуз.

Денеска е забележана нафтена дамка со димензии од пет до 10 метри како лебди на површината на морето во близина на електраната, соопшти Хокурику електрик.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Земјата се стресе со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Силен земјотрес во Јапонија

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски