На осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, Теџи Јамагами ќе му биде продолжена психијатриската проценка, соопшти денеска јапонското обвинителство.
Евалуацијата, која првично требаше да трае до 29 ноември, е продолжена до 6 февруари. Обвинителите ќе утврдат дали Јамагами ќе биде обвинет за пукањето откако ќе заврши проценката, објавија локалните медиуми.
Поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе беше ранет на 8 јули за време на говор во градот Нара и почина во болница веднаш по нападот. Осомничениот Течи Јамагами бил уапсен во близина на местото на пукањето, соопшти тогаш полицијата.
Тие изјавија дека осомничениот признал дека го убил поранешниот премиер. Тој на полицијата и рекол дека користел рачно изработен пиштол.
Извор: МИА