Два посилни и серија помали земјотреси ја погодија Јапонија. Потрес од 5,8 степени го погоди североисточниот дел на „Земјата на изгрејсонцето“, но не е издадено предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Мијаги, повеќе од 300 километри североисточно од Токио, каде се почувствувал ударот.
Североистокот од Јапонија пред нешто повеќе од две години беше погоден од земјотрес, по кој следеше катастрофално цунами. Претходно денеска силен земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди островот Мијаке-Јима, во близина на источното крајбрежје на Хоншу, на 175 километри јужно од Токио.