Јапонија побара од САД истрага за прислушкувањето нејзини функционери

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска од американскиот потпретседател Џозеф Бајден  побара отворање истрага во врска со наводното шпионирање високи претставници на јапонската влада и корпорации, по минатонеделното откритие на скандалот од страна на сајтот Викиликс, изјави портпаролот на кабинетот на премиерот Јошихида Суга.

-Доколку е вистина дека јапонските државјани биле цел на прислушкувања, тоа може  да ја разниша довербата во нашиот сојуз и јас ќе мора да ја изразам нашата сериозна загриженост, му порачал Абе на Бајден во телефонски разговор, а делови од разговорот портпаролот Суга изнесе на редовна прес конференција во Токио.

Сајтот Викиликс минатата недела објави листа од 35 јапонски официјални владини и корпорациски претставници кои биле цел на шпионирање од американската Национална безбедносна агенција, а меѓу нив има и претставници на министарставата во владата на Абе, како и оделението за гас во корпорацијата „Мицубиши“ и за нафта во компанијата „Митсуи“, наведуваат британските медиуми.

Суга наведе дека Бајден се извинил заради проблемите што наводите за прислушкувања ги предизвикале кај јапонскиот премиер и луѓето во неговата администрација.

Портпаролот на јапонската Влада, сепак, не сакаше да каже дали САД признале дека ја шпионирале Јапонија.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот