Еден 68-годишен Јапонец ја истурил пепелта на својата почината сопруга во веце школка во супермаркет во Токио, пишува токискиот весник „Јомиуру шимбун“.
Вдовецот сам и се предал на полицијата, која до неговото признание не можела да објасни како се нашле делови од коски, меѓу кои и дел од вилица во тоалетот во супермаркетот.
Огорчениот маж појаснил дека со текот на годините неговите односи со сопругата станувале се полоши.
– Мојата омраза кон неа постојано растеше. Животот ми беше пекол се до нејзината смрт, изјавил тој.
Неговата сопруга починала како последица на болест во 64. година. Нејзиното тело е кремирано, а мажот во наплив на бес ја фрлил пепелта веднаш по кремирањето.
Мажот би можел да биде осуден поради напуштање на посмртните останки. Според јапонските закони човечката пепел може да се истури само на точно одредени места.