Јапонија ослободува милиони барели нафта од своите резерви за да го смири пазарот

Од:

Јапонија планира да ослободи околу 16 милиони барели нафта од своите резерви за да помогне да се стабилизира пазарот по руската инвазија на Украина.

„Стабилизацијата на пазарот е клучна. Јапонија ќе стори се што може, а во меѓувреме ќе продолжиме да ги повикуваме земјите производители на нафта да продолжат да соработуваат“, изјави за новинарите јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Да потсетиме, минатата недела американскиот претседател Џо Бајден најави дека во следните шест месеци од резервите ќе ослободува по еден милион барели нафта дневно, што е најголемото ослободување нафта во американската историја.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски