Јапонија соопшти дека три кинески брода за набљудување денеска навлегле во јапонските бтериторијални води, близу остров во Источното Кинеско Море, околу кои се води територијален спор меѓу двете земји, а само неколку часа откога еден од кинеските рибарски патролни бродови впловил во таа област.
Трите бродови за набљудување забележани се кај еден остров во архипелагот Сенкаки, соопшти Јапонската крајбрежна стража. Архипелагот се наоѓа под контрола на Јапонија, а Кина тврди дека поседува право на тие острови.