Јапонија: Нова декларација за Втората светска војна

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека оваа година ќе издаде нова декларација за Втората светска војна, но оти ќе остане на претходното извинување.

– Во изминатите 70 години Јапонија се движеше во правецот на пацифистичките држави и даде голем придонес за мирот, развојот и демократијата во азиско-пацифичкиот регион и светот, рече Абе на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека декларацијата ќе биде издадена на 15 август на 70-годишнината од јапонската капитулација.

Премиерот на Јапонија истакна дека ќе се држи до официјалното извинување од 1995 година на тогашниот премиер Томичи Мурајама.

Во текстот усвоен по повод 50-годишнината од капитулацијата на Јапонија се наведува деја „Јапонија, со агресија и колонијална доминација им нанела огромна штета и страдање на народите на голем број, особено азиски земји“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови