Јапонија нема информации дека Иран е вмешан во нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија, изјави министерот за одбрана Таро Коно.
Тој изрази уверување дека нападот го извршиле јеменските Хути, кои и презедоа одговорност.
Нафтените постројки на Сауди Арамко беа нападнати во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.
Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.