Банкротот на САД врз основа на достигнатите долгови, нема да влијае на Централната банка на Јапонија, изјави гувернерот Харухико Курода.
Тој нагласи дека евентуален банкрот на САД нема да влијае на тоа како ЦБЈ ќе ги прифати американските обврзници при обезбедувањето на заем.
-Како прво не очекувам САД да банкротира, а како второ, дури и ако тоа се случи, нема да влијае на нашата политика –изјави Курода, пренесува „Франс прес“.
Јапонија поседува американски обврзници во износ поголем од 1.000 милијарди долари.
Според зборовите на Курода, буџетскиот застој во САД претставува потенцијален ризик за глобалната економија и опоравување на јапонското стопанство.
Од друга страна, економијата на Европа, според неговите проценки, излегла од кризата, но ја чека слабо опоравување, додека Кина бележи солиден раст.
-Вкупно гледано, глобалната економија бележи стабилен, но бавен раст-изјави тој.
Елена Георгиевска