Јапонија: Министер во центар на скандал

Од:

По реакцијата на јавноста, Јужна Кореја и еврејските здружение, министерот за финансии, Таро Асо ја повлече изјави дека Јапонија би требало да го следи нацистичкиот пример и тајно да го промени Уставот на државата.

Коментарот на јапонскиот министер за финансии, кој што е и потпретседател на владата, предизвика критики од еврејските здруженија и соседна Јужна Кореја која наведе дека Јапонија не ја научила лекцијата од своето милитаристичка минато.

Тој денес изјави дека јавноста погрешно го разбрала и дека само сакал да каже дека не е потребна дебата за тоа дали нивната држава треба да го промени Уставот, за да на војската и се дадат поголеми овластувања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови