Јапонија ќе забрани владини набавки на опрема од кинеските „Хуавеј“ и „ЗТЕ“

Од:

Јапонија планира да ги забрани владините набавки на уреди и опрема од кинеските компании „Хуавеј“ и „ЗТЕ Корп“, за да ја зголеми својата заштита од протекување доверливи информации и кибер напади.

Јапонскиот весник „Јомиори“, кој прв ја објави веста, пишува дека се очекува Владата в понеделник да ги разгледа домашните регулативи за јавни набавки.

Претходно, оваа година САД исто така одлучиja да воведат забрана за набавка и користење телекомуникациска опрема од овие две компании во американските државни служби.

Американските разузнавачки агенции тврдат дека „Хуавеј“ е поврзана со кинеската Влада и дека нивните уреди може да имаат скриени можности за шпионажа. Меѓутоа, се уште нема докази за овие тврдења, кои „Хуавеј“ ги негираше.

Австралија и Нов Зеланд веќе ја блокираа изградбата на телекомуникациската мрежа 5Г од страна на „Хуавеј“ на нивните територии.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови