Популарните туристички дестинации имаат се поголеми проблеми поради преголемиот број туристи, па во план е наплата на такси за туристите воопшто да влезат во земјата. Прво со таква пракса почна Венеција, а сега истото го најавува и Јапонија.
Јапонија станува се популарна туристичка дестинација па планира да воведе влезници во град, односно „такси за заминување“ кои планира да ги примени од почетокот на следната година. Популарно наречената „сајонара“ ќе влијае не само на странските, туку и на јапонските патници кои земјата ја напуштаат со брод или авион.