Јапонија ја повлекува ракетната одбрана

Од:

Јапонија наскоро би можела да ги повлече противракетните единици распоредени околу главниот град, бидејќи се верува дека опасноста од напад од Северна Кореја е минато.

Медиумите објавија дека статусот за возбуда на ракетните единици би бил укинат уште денес, но официјалните лица одбиваат да коментираат, пренесе „Асошиејтед прес“.

Јапонија, Јужна Кореја и САД презедоа специјални мерки за одбрана поради заканите на Северна Кореја дека ќе лансира ракета со долг домет или други удари на одмазда доколку биде провоцирана.

Воените тензии достигнаа врв во април кога САД и Јужна Кореја започнаа едномесечни здружени маневри.

Последниве недели состојбата на Корејскиот полуостров е мирна, а Пјонгјанг порача дека е подготвен да разговара со Сеул и Вашингтон.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат