Јапонскиот заменик-министер за надворешни работи Акитака Саики пристигна денеска во Пекинг на разговори во обид за намалување на тензиите предизвикани од територијалниот спор меѓу двете соседни земји.
Саики за време на дводневната посета, може да ја разгледа и можноста за одржување средба на врвот меѓу кинески и јапонски лидери.
Засега Пекиг одбива да учествува на средбата на врвот за намалување на тензиите околу островите Сенкаку, кон кои Кина им територијални претензии и тврди дека тие биле незаконски окупирани уште на крајот на минатиот век.
Јапонија национализира три од островите во септември минатата година. Тоа доведе до антијапонски протести во многу кинески градови. Во некои од нив дојде и до насилство.