Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот

Од:

Јапонија и Сингапур, според најновите истражувања на „Henley & Partners“, имаат најмоќни пасоши, а нашата држава е на 46-то место.

Овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20., Србија на 41., Црна Гора на 47. и БиХ на 51. место.

Јужна Кореја падна од врвот на второ место и им се приклучи на Финска и Германија. Пасош од секоја од овие три земји обезбедува безвизно патување до 187 дестинации ширум светот.

На трето место се Данска, Италија и Луксембург, со чии пасоши може да се посетат 186 земји, потоа следат Франција, Шпанија и Шведска со 185. На дното се Пакистан, Сирија и Ирак, а Авганистан со чиј пасош може да се патува во само 25 држави без виза е на последно место.

Би можело да ве интересира

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода