Јапонија и Јордан се подготвени за размена со Исламска држава

Од:

Јорданскиот министер за информации соопшти дека неговата влада е подготвена за размена на ирачката затвореничка во Јордан за јорданскиот пилот што екстремистите од Исламска држава го заробија во декември минатата година.

Министерот Мохамед ал Момани во својата изјава не го спомена јапонскиот новинар Кенџи Гото, кој ИД, исто така, го држи како заложник.

Исламската држава вчера се закани дека ќе ги убие јорданскиот пилот и јапонскиот новинар Гото доколку ирачката затвореничка во Јордан не биде ослободена во рок од 24 часа.

Ирачанката беше осудена на смрт за нејзината улога во терористички напад на хотел во 2005 година, при кој загинаа 60 луѓе.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, утринава како одговор на новиот ултиматум на Исламска држава рече дека нивната последна закана за ликвидирање на заложниците е „достојна за презир“.

Мета

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ