Јапонија го одложува извлекувањето на горивото од АЕЦ Фукушима

Од:

Јапонија го одложи на неколку години почетокот на работата за извлекување на нуклеарното гориво од оштетената атомска централа „Фукушима“, јави ТАСС.

Работата за извлекување на искористените горивни прачки од базенот за ладење на првиот енергетски блок на оштетената АЕЦ ќе почне дури во 2019 година. Поголемо ќе биде доцнењето при извршувањето на посложените работи со растопеното гориво во самиот реактор, чие извлекување ќе почне во 2025 година.

Како главни причини за сериозното забавување на работите се посочуваат тешкотиите при нивното спроведување и потребното време за нивно извршување. Моментално експерти на компанијата „Токио електрик пауер“, кој е оператор на централата, се зафатени со извлекување на горивните ќелии од базенот во зградата на четвртиот енергетски блок.

Четвртиот енергетски блок на централата беше најтешко оштетен во земјотресот и цунамито во март 2011 година и може целосно да се урне при повторен земјотрес, поради што отстранувањето на горивните ќелии претставува приоритет.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови