Јапонија ги зајакнува контролите поради севернокорејските бродови

Од:

Јапонија ги зајакна патролите и повика на претпазливост откако неколку бродови со починату членови на екипажот, за кои се претпоставува дека се од Северна Кореја, беа пронајдени крај северниот јапонски брег.

Портпаролот на јапонската Влада, Јошихиде Суга, одговарајќи на новинарски прашања за бродот со седум безживотни тела што беше пронајден вчера во перфектурата Акита, изјави дека крајбрежната стража и полицијата мора да соработуваат за да се зајакнат контролите околу Јапонија.

Суга рече дека Владата ќе ги зајакне проверките на сомнителните бродови и луѓето кои доаѓаат во Јапонија и додаде дека граѓаните и рибарите би требало да пријавуваат сомнителни појави.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови